Достапни линкови

Новинарите и денеска бараа ослободување на Кежаровски


Новинарите и денеска пред Основниот суд Скопје 1 бараа укинување на притворот за новинарот Кежаровски кој беше уапсен во полициската акција Ликвидација под сомнение дека открил идентитет на заштитетен сведок.
Иницијативниот одбор за ослободување на Томислав Кежаровски достави барање за средба со претседателот на судот, Владимир Панчевски од кого ќе бараат одговори за приведувањето и одлуката за притвор.
Барањето на иницијативниот одбор е поддржано од Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и од Македонскиот институт за медиуми.
XS
SM
MD
LG