Достапни линкови

logo-print

Досега 6 жртви од големите поплави во централна Европа


Големи области во централна Европа, поради поројните дождови, се зафатени од поплави, најлоши во последнава декада. Досега најмалку 6 луѓе настрадале, а илјадници се евакуирани од разни делови на Чешка, Германија, Австрија, Швајцарија и Полска. Во германскиот град Пасау, еден од најтешко погодените од поплавата, ситуацијата се смета за драматична. Во Прага училиштата не работат, метрото не сообраќа низ поширокото централно подрачје, а има проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот и во други делови од градот. Делови од прашката зоолошка градина се евакуирани, историскиот дел на градот се штити со барикади. Вонредна состојба е прогласена и во делови на Австрија, покрај реката Дунав.
XS
SM
MD
LG