Достапни линкови

Самитот на Иванов и „шпанските скали“ - најкоментирани


Macedonia - President Gjorge Ivanov - N/A
Macedonia - President Gjorge Ivanov - N/A

Двата наши текста околу откажувањето на самитот во Охрид од страна на претседателот Иванов дефинитивно ги рушат сите рекорди на најкоментирани текстови на нашата веб-страница! Коментиран е и Хајд Паркот за идејата за изградба на „шпански скали“ на плоштадот.

Социјалните медиуми и веб-страниците на весниците и на електронските медиуми се чини ќе ја демантираат онаа познатата дека кај нас секое чудо трае три дена. Јавното мислење, очигледно, може да се согледа токму во нив, граѓаните коментираат ли коментираат, развиваат дебати, полемики, се караат меѓу себе... со денови.
Ова е пораз на досегашната надворешна политика и дека фразата дека сите нè мразат е веќе излитена.
Коментар на читател.

Двата наши текста околу откажувањето на самитот во Охрид од страна на претседателот Иванов дефинитивно ги рушат сите рекорди на најкоментирани текстови на нашата веб-страница! Прв свој коментар испратил Самет од Теарце кој смета дека тоа е брука за
Шпански скали на плоштадот Македонија како дел од проектот Скопје 2014.
Шпански скали на плоштадот Македонија како дел од проектот Скопје 2014.
Македонија, па Ване кој напишал дека тоа е негов личен неуспех, без разлика на оправдувањата, па Јас од Македонија кој вели дека треба да се признае дека ова е пораз на досегашната надворешна политика и дека фразата дека сите нè мразат е веќе излитена.
Плоштадот е пренатрупан, без вкус и е плагијат, само не се знае дали на Дизниленд или на Лас Вегас.
Коментар на читател.

Има и такви кои сметаат дека потегот на Иванов бил мошне паметен, како МК Обсервер и МКД кои сметаат дека проблемот не бил во нашиот претседател, како што пишува МКД, туку кај нашите соседи кои не биле ни европски ни цивилизирани. МКД дури развива цела полемика, да не кажеме кавга со неумесни зборови со Перо, кој, исто така, мисли дека откажувањето на важниот меѓународен собир е пораз за Македонија. Перо ги спомнува и поранешните претседатели, покојните Трајковски и Глигоров, и потсетува на нивниот поуспешен настап на меѓународен план.

Некој Незабеган од Скопје, покрај последниот на Иванов, реди уште цел куп гафови на, како што пишува, портокаловата администрација, а за Радио Слободна Европа вели дека е единствената редакција која останала неутрална и објективна и да не нè секираат нападите од „дежурните лекоумни и слепи“, како што напишал во коментарот.

Пораки има недоброј, но да завршиме со Џони од МКД кој ги повикува „владините слуги и платениците да отворат очи, зашто ова фијаско на Иванов е негова лична катастрофа и дека тој нема капацитет за функцијата претседател“.

И нашиот добар стар Хајд парк е убаво место каде што граѓаните можат да си го кажат сопственото мислење. Овој пат за најавите на Владата дека на плоштадот Македонија ќе се градел нов објект со познатите „шпански скали“, небаре во Рим. Само две од осум пораки се согласуваат со градбите од „Скопје 2014“. Виолета пишува дека плоштадот е пренатрупан, без вкус и дека е плагијат, само не знае дали на Дизниленд или на Лас Вегас. Зоран порачува дека лудилото веќе станува френетично, а Маја го споредува плоштадот со детска кутија за играчки - хаос, без ред и естетика.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG