Достапни линкови

Самит Русија - ЕУ во Екатеринбург


Вечер во Екатеринбург започнува 31-иот самит Русија – Европска Унија. Рускиот претседател Владимир Путин ќе се состане со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Главни теми на разговорите ќе бидат конфликтот во Сирија, за кој има разлики меѓу двете страни, како и енергетски прашања, меѓу кои снабдувањето со руски гас за Европа. Меѓу најавените теми се и човековите права и владеењето на правото во Русија, како и иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG