Достапни линкови

Премиерот Никола Груевски во посета на Србија


Архивска фотографија: Премиерите на Србија и на Македонија, Ивица Дачиќ и Никола Груевски.

Архивска фотографија: Премиерите на Србија и на Македонија, Ивица Дачиќ и Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски ќе ја предводи владината делегација која денеска ќе ја посети Србија. Најпрвин Груевски ќе има средба со својот српски колега Ивица Дачиќ, а потоа ќе биде одржана заедничка седница на членовите на владите на двете земји. Во Белград, Груевски ќе се сретне и со српскиот претседател Томислав Николиќ. За време на посетата ќе биде потпишан Протокол за соработка на министерствата за внатрешни работи на Македонија и Србија за време на туристичката сезона, како и Меморандум за соработка во областа на здравството и медицината. Предвидено е Груевски да одржи средба и со македонската заедница во Србија.
XS
SM
MD
LG