Достапни линкови

logo-print

Големи поплави во Централна Европа, тројца загинати


Прага.

Прага.

Најмалку тројца луѓе загинаа во големите поплави проследени со лизгање на земјиштето во Чешка, Австрија и во Германија. Ова се најголеми поплави во Централна Европа во последната деценија. Чешката влада прогласи вонредна состојба. Властите во Прага затворија неколку метро станици во градот и подигнаа насипи околу реката Влтава со цел да се заштити историскиот дел на градот. Двајца луѓе загинале кога им се урнала куќата во град јужно од Прага. Во Австрија, пак, еден човек загинал во лизгање на земјиштето. Вонредна состојба и евакуација е наредена и во германските сојузните држави Саксонија, Турингија, Баварија и Баден-Вуртемберг.
XS
SM
MD
LG