Достапни линкови

Над 1.700 повредени на протестите во Турција


Турската полиција употребуваше солзавец и водени топови и вчера, на третиот ден антивладини демонстрации во земјата. Десетици илјади луѓе вчера излегоа на протестите во Анкара, Истанбул и во другите турски градови. Демонстрантите го обвинуваат премиерот Реџеп Таип Ердоган за злоупотреба на моќта. Според турската лекарска асоцијација, во изминативе три дена на протестите биле повредени повеќе од 1.000 луѓе во Истанбул и околу 700 во Анкара. Според владата, бројот на повредени е многу помал. Министерот за внатрешни работи Муамер Гулер рече дека биле уапсени 1.700 луѓе, но најголемиот дел од нив биле ослободени. ЕУ и САД ја повикаа турската влада да покаже воздржаност.
XS
SM
MD
LG