Достапни линкови

Кина, Индија и Пакистан си го зголемиле нуклеарниот арсенал


Кина, Индија и Пакистан го зголемиле нивниот нуклеарен арсенал во изминатата година, покажува новата студија на Меѓународниот институт за мировни истражувања од Стокхолм. Според студијата, се проценува дека Кина сега има 250 нуклеарни боеви глави, 10 повеќе отколку во 2012 година. Пакистан го зголемил бројот на нуклеарни боеви глави за 10, па се проценува дека сега има меѓу 100 и 120, исто како и Индија, чиј капацитет сега се проценува на 90 до 100 нуклеарни боеви глави. Во извештајот се наведува дека само Русија и САД го намалиле бројот на атомски бомби, Русија од 10 на 8,5 илјади, а САД од 8 на 7.700 нуклеарни боеви глави. Намалувањата се во согласност со договорот СТАРТ меѓу Вашингтон и Москва.
XS
SM
MD
LG