Достапни линкови

Хејгел ја обвини Кина за компјутерски напади


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел ја обвини Кина за компјутерски напади. Говорејќи на Самитот за безбедност во Сингапур, тој ја повтори заканата од сајбер-напади и наведе дека некои од таквите појави се поврзани со кинеската влада и војска. Вашингтон и Пекинг со години меѓусебно се обвинуваат за сајбер-напади. Хејгел изјави дека Вашингтон е решен да поработи поригорозно во врска со Кина за да се воспостават меѓународните норми на одговорно однесување во сајбер-просторот. Коментарите на Хејгел уследија откако американските медиуми објавија детали од извештај на Пентагон во кој се тврди дека кинески хакери упаднале во тајни американски програми за вооружување. Кинеската војска преку соопштението рече дека имало грешки во таквите тврдења.
XS
SM
MD
LG