Достапни линкови

logo-print

Почнува судењето на Бредли Менинг


Бредли Менинг.

Бредли Менинг.

Денеска треба да почне судењето на американскиот војник, 25-годишниот Бредли Менинг, обвинет дека на Викиликс му дал стотици илјади тајни владини документи. Тој се соочува со доживотен затвор ако биде прогласен за виновен од Воениот суд Форт Мид во близина на Вашингтон. Тој се изјасни виновен за дел од обвиненијата, но го отфрла најсериозното, за помагање на американските непријатели. Менинг, кој три години е во притвор, рече дека неговата акција имала за цел да поттикне дебата за американските воени дејствија и за политиката. Владата соопшти дека објавувањето на документите ја нарушило американската национална безбедност и животите на Американците.
XS
SM
MD
LG