Достапни линкови

logo-print

Рами Хамдула назначен за нов палестински премиер


Илустрација.

Илустрација.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го назначи Рами Хамдула за нов премиер. Тој доаѓа на местото на Салам Фајад кој беше вршител на должноста премиер, но си даде оставка, јавува официјалната палестинската новинска агенција, Вафа. Абас побарал од Хамдула, кој нема претходно политичко искуство, да формира нова влада. Абас ја донел одлуката за време на состанокот на палестинските власти во Рамалах. Претходниот премиер Фајад поднесе оставка на 13 април, по неколкумесечни тензии со Абас, и покрај напорите на САД да го задржи премиерското место. Хамдула е член на движењето Фатах, предводено од Абас. Тој досега беше претседател на универзитетот Ал-Наџах на Западниот Брег.
XS
SM
MD
LG