Достапни линкови

Растурена странска шпионска мрежа во Иран


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Иранското Министерство за разузнавање соопшти дека растурило мрежа за саботажа и тероризам поврзана со Израел и со Велика Британија. Министерството соопшти дека се уапсени 12 луѓе за поврзаност со израелската разузнавачка служба Мосад. Иранските власти соопштуваат дека е запленета и голема количина оружје. Не се соопштува времето и местото на апсењето, ниту, пак, имињата на уапсените, но се наведува дека лидерот на групата потекнува од неименувана арапска држава од регионот. Според соопштението, групата имала инструкции „да изврши терористички акции пред и на денот на изборите“, како и „создавање етнички и религиозни поделби“ во немирните области во Иран. Претседателските избори во земјата се закажани за 14 јуни.
XS
SM
MD
LG