Достапни линкови

logo-print

Зоран Заев избран за претседател на СДСМ


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

На денешниот 14. редовен конгрес на партијата за досегашниот партиски потпретседател и актуелен градоначалник на Струмица гласале 395 од 705-те делегати.

Зоран Заев е новиот претседател на СДСМ. На денешниот 14. редовен конгрес на партијата за досегашниот партиски потпретседател и актуелен градоначалник на Струмица гласале 395 од 705-те делегати.
СДСМ е единствената партија којашто може да ја втурне Македонија кон подобро утре, кон понадежна иднина, кон посреќни граѓани. Токму од таа причина најавувам дека од денеска СДСМ почнува со сите неопходни активности за да ја испочитува надежта којашто граѓаните ја имаа сите овие денови со вперени очи кон нас. Ќе работиме максимално во интерес на државата, ќе работиме максимално во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Негови противкандидати беа Зоран Јовановски, кој доби 137 гласови и Кире Наумов, кој доби 15 гласови. Игор Ивановски вчера со откажа од трката за лидерската позиција во СДСМ.
Архивска фотографија.

Архивска фотографија.


Партијата избра и нов Надзорен и Централен одбор.

По завршувањето на Конгресот, Заев рече дека не победил ниту еден од кандидатите, туку дека победил СДСМ.

„СДСМ е единствената партија којашто може да ја втурне Македонија кон подобро утре, кон понадежна иднина, кон посреќни граѓани. Токму од таа причина најавувам дека од денеска СДСМ почнува со сите неопходни активности за да ја испочитува надежта којашто граѓаните ја имаа сите овие денови со вперени очи кон нас. Ќе работиме максимално во интерес на државата, ќе работиме максимално во интерес на граѓаните на Република Македонија.“
Само Господ знае колку сакав да Ве донесам на власт, но моите политики не добија поддршка.

Заев рече дека гарантира единство и фер политичка сцена. Според него, неговите противкандидати треба да добијат високи позиции во СДСМ и оти тој смета на помошта од секој социјалдемократ.

Уште кога ја најави кандидатурата, Заев најави дека Радмила Шеќеринска ќе биде заменик претседател на партијата, ако тој победи на Конгресот. Шеќеринска денеска го придружуваше на обраќањето пред медиумите.

Досегашниот претседател Бранко Црвенковски не ја прифати кандидатурата од Иницијативниот одбор кој поднесе околу 30.000 потписи. Во обраќањето на почетокот на Конгресот, тој посочи дека на партијата и треба нова сила и дека неговото повторно кандидирање ќе биде грешка. Рече дека ги прифаќа сите порази. Од новото раководство побара единство и поголема ефикасност.

„Само Господ знае колку сакав да Ве донесам на власт, но моите политики не добија поддршка“, рекол Црвенковски пред делегатите.

По ова, претседателот на иницијативниот одбор Наум Буревски го напушти Конгресот.

„Иницијативата е чиста и чесна. Во таа иницијатива учествува само членството и ни еден функционер, почнувајќи од општинските, па до републичките“, рече Буревски, откако го напушти Конгресот.

СДСМ е формирана на 21 април 1991 година. Во изминатите години претседател на партијата со најдолг стаж е Бранко Црвенковски. Претседатели на партијата кратко време беа и Владо Бучковски и Радмила Шеќеринска.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG