Достапни линкови

Владиката Иларион - Абортусот е убиство


Архивска фотографија: Неколку граѓански асоцијации протестираа пред Собранието против ограничувањето на правото на абортус. Протестот се одржа под мотото „Не за предлог-законот за прекин на бременоста“.

Архивска фотографија: Неколку граѓански асоцијации протестираа пред Собранието против ограничувањето на правото на абортус. Протестот се одржа под мотото „Не за предлог-законот за прекин на бременоста“.

Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион изјави дека секој човек има слободна волја за да одлучи што да прави во врска со прекинувањето бременост, но оти за него абортусот е грев и убиство.

„Наше е да кажеме што е добро, а што е зло. Јас советувам, повикувам и замолувам, бидејќи знаеме дека во светот има многу бездедетни родители, кои ете поради некоја причина не можат да имаат деца, советувам наместо да го абортираат, да ги родат и да ги дадат на посвојување и тие деца да не се уништат, а и родителите да бидат среќни и весели со новите рожби“, изјави господин Иларион, кој денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на црквата „Свети Константин и царица Елена“ во Штип.

Митрополитот на Брегалничката епархија вели дека верниците ги советува онака како што е богоугодно, но секој има право да одлучува и слободна волја за абортусот и новиот закон.
XS
SM
MD
LG