Достапни линкови

Втора донаторска конференција за црквата „Свети Константин и Елена“


Втора донаторска конференција за црквата „Свети Константин и Елена“ се одржа денеска во Скопје. На конференција присуствување и премиерот Никола Груевски. Тој ги повика присутните министри, пратеници, директори, претставници на стопанските комори и бизнисмени да помогнат за да продолжи, како што рече, убавата градителска традиција во Македонија и заедно да ја изградат црквата „Свети Константин и Елена“. Црквата се гради до Домот на АРМ во центарот на Скопје.
XS
SM
MD
LG