Достапни линкови

„Репортери без граници“ бараат ослободување на новинарот Кежаровски


Илустрација.

Илустрација.

Невладината организација „Репортери без граници“ најостро го осудува апсењето на новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски, обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок.

„Бараме итно и безусловно ослободување на Томислав Кежаровски, кој се држи в затвор под лажен изговор. Неговото апсење и осудување очигледно имаат други цели кои властите мораат веднаш да ги разјаснат“, се вели во соопштението.
Организацијата потсетува дека заштитата на изворите е гарантирана со член 16 од Уставот.

Репортери без граници ја повикаа Делегацијата на Европската Унија во Скопје да се информира за случајот и јавно да побара итно ослободување на Кежаровски.
XS
SM
MD
LG