Достапни линкови

Косовската претседателка поканета на Самит во Словачка


Косовската претседателка Атифете Јахјага.

Косовската претседателка Атифете Јахјага.

Косовската претседателка Атифете Јахјага е поканета да учествува на Самитот на шефови на држави од централна и југоисточна Европа што ќе се одржи во Словачка. Според Гарентина Краја, советничка на Јахјага, поканата од словачкиот претседател Иван Гаспарович пристигнала во Приштина.

„Претседателката Јахјага ќе учествува на Самитот и ќе има рамноправен третман со другите нејзини колеги. Ќе зборува за решавање на предизвиците со кои се соочува овој дел на Европа“, изјавила Краја.

Од кабинетот на Јахјага оценуваат дека поканата добиена од Словачка, која сè уште ја нема признато независноста на Косово, зборува за прифаќање на реалноста дека Косово како, независна и суверена држава, постои. На Самитот, кој ќе се одржи на 12 и 13 јуни, освен претседателите на 21 држава на земјите од централна и југоисточна Европа, ќе учествуваат и лидери на други држави и меѓународни организации.
XS
SM
MD
LG