Достапни линкови

Принудно слетување на хеликоптерот на Ахмадинеџад


Хеликоптерот на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска извршил принудно слетување по недефиниран инцидент, соопштува неговиот кабинет. Во инцидентот нема повредени. Во соопштението се наведува дека хеликоптерот во кој се превезувале претседателот Ахмадинеџад и други владини функционери денеска имал инцидент и дека пилотот успеал безбедно да го приземји леталото на планините Алборз. Потоа Ахмадинеџад се вратил во Техеран со автомобил, се наведува во соопштението објавено на интернет-страната на претседателот. Не се соопштува за каков инцидент се работело. Вториот мандат на претседателот Ахмадинеџад завршува во август годинава и тој нема право повторно да се кандидира. На претседателските избори на 14 јуни ќе има осум кандидати.
XS
SM
MD
LG