Достапни линкови

Борби во Дамаск и во Кусаир во Сирија


Најмалку осуммина припадници на сириските безбедносни сили загинаа во експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во Дамаск, каде што има борби меѓу владините сили и бунтовниците. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека нападот веројатно е извршен од исламистичката опозициска организација Фронтот Ал Нусра. Државните сириски медиуми не известија за експлозијата.

Во градот Кусаир, пак, вчера се водеа жестоки борби меѓу милитантите и владините сили лојални на претседателот Башар ал-Асад, кои се обидуваат да ја повратат контролата врз градот во близина на границата со Либан. Се проценува дека во Кусаир има 1500 ранети цивили кои мора итно да бидат евакуирани за да им биде укажана лекарска помош.
XS
SM
MD
LG