Достапни линкови

Тројна круна за Баерн


Фудбалерите на Баерн од Минхен го освоија купот на Германија, откако во финалето во Берлин го победија Штудгарт со 3:2. Баварците поведоа со 3:0 со головите на Милер од пенал и два на Гомес, а Харник со двата гола за Штудгарт го направи финишот на натпреварот многу возбудлив.
Со овој триумф, баварската машинерија предводена од извонредниот стручњак Јуп Хајнкес ја заокружи фантастичната сезона, во која беа први во германската Бундес лига и ја освоија титулата во Лигата на шампионите на УЕФА.
XS
SM
MD
LG