Достапни линкови

Почнува забраната за пушење во Русија


Новиот закон што забранува пушење на некои јавни места во Русија денеска стапи во сила. Законот има за цел да го преполови бројот на пушачи и да го подобри јавното здравје. Според законот, пушењето е забрането во училиштата и на факултетите, музеите, спортските објекти, болниците и во јавниот превоз. Наредната година забраната ќе се прошири и на хотелите, кафетериите и рестораните, бродовите, возовите на долги дестинации и на железничките станици. Според последните податоци на Светската здравствена организација, 40 отсто од Русите се пушачи. За споредба, во САД пушат 27 отсто, а во Франција 30 отсто од жителите.
XS
SM
MD
LG