Достапни линкови

Нови торнада во Оклахома


Пет луѓе, меѓу кои и мајка и бебе, загинаа синоќа во торнада во американската сојузна држава Оклахома. Силниот ветар уништувал возила на главниот автопат во Оклахома Сити за време на шпицот. Најмалку 50 луѓе се повредени. Полицијата соопшти дека неколкумина мотоциклисти се исчезнати. Во големо торнадо пред десетина дена во Оклахома загинаа 24 луѓе.
XS
SM
MD
LG