Достапни линкови

Ердоган - Плановите за изградба ќе продолжат и покрај протестите


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ќе продолжи со плановите за градење на централниот плоштад Таксим во Истанбул, и покрај насилните протести што избија поради контроверзниот проект. Ердоган вети дека ќе го врати редот и ги повика демонстрантите веднаш да ги прекинат протестите.

Полицијата изутрината употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои бараат оставка од Ердоган и се обидуваат да стигнат до плоштадот Таксим. Во Анкара, пак, полицијата се судри со демонстрантите што маршираа кон турскиот парламент.

Немирите во Истанбул почнаа вчера кога полицијата употреби солзавец и вода за да ги растера илјадниците граѓани кои протестираа против плановите да се градат објекти на една од преостанатите тревни површини во градот. Протестите се проширија и во главниот град Анкара, како и во градот Измир, каде што демонстрантите протестираат против авторитарниот премиер Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот.

Амнести интернејшнал соопшти дека се загрижени поради „употребата на прекумерна сила“ од страна на полицијата.
XS
SM
MD
LG