Достапни линкови

logo-print

Самарас ја откажа посетата на САД


Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја откажа долго време најавуваната посета на САД, откако не успеа да договори средба со американскиот претседател Барак Обама. Самарас со месеци беше најавуван како почесен гостин на Глобалниот форум на Американскиот еврејски комитет, но од АЕК информираа дека неговото доаѓање во Вашингтон веројатно ќе биде условено со тоа дали Обама ќе го прими на средба во Белата куќа, особено по високите почести при неодамнешната посета на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Американскиот еврејски комитет вчера информираше дека Самарас ја откажал посетата поради неуспехот да обезбеди средба со Обама, а на негово место, на Глобалниот форум ќе се обрати шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос.

„Се разбира дека бевме навистина разочарани од веста, но во целост ја разбираме одлуката на премиерот Самарас. Ова требаше да биде негова прва посета на Вашингтон како премиер и разбирливо е дека притоа сакаше да има средба и со претседателот Обама. Но, поради непоклопување со агендата на Белата куќа, тоа не беше возможно во овој момент“, изјави директорот на Американскиот еврејски комитет Дејвид Харис.
XS
SM
MD
LG