Достапни линкови

Киргистанскиот премиер бара смирување на протестите во Јети-Огуз


Премиерот на Киргистан Жанторо Сатибалдијев.

Премиерот на Киргистан Жанторо Сатибалдијев.

Премиерот на Киргистан Жанторо Сатибалдијев ја посети областа Јети-Огуз на северот на земјата, каде што беше прогласена вонредна состојба откако избија судири меѓу полицијата и демонстрантите поради најголемиот рудник за злато во земјата Кумтор. Во вчерашните судири беа ранети 50 луѓе, а повеќе од 80 се притворени. Демонстрантите бараат национализација на рудникот и тврдат дека канадската компанија која стопанисува со него плаќа премал данок и ја загадува околината. Протестите почнаа пред неколку дена кога демонстрантите го блокираа патот што води кон рудникот. На средба со локалните жители, Сатибалдијев вети дека владата ќе ги разгледа нивните барања. Медиумите јавуваат дека десетици луѓе се собрале во близина на владата во Бишкек да им изразат поддршка на демонстрантите од Кумтор.
XS
SM
MD
LG