Достапни линкови

logo-print

Употреба на државни ресурси во партиски цели во Црна Гора


Пратениците од парламентот на Црна Гора.

Пратениците од парламентот на Црна Гора.

Пратениците од парламентот на Црна Гора едногласно доцна синоќа донесоа одлука за отворање парламентарна истрага и формирање анкетен одбор за аферата „Снимка“. Со одлуката е предвидено Анкетниот одбор да го предводи претставник од опозицијата. Аферата „Снимка“ е поврзана со објавување аудио снимки од седници на органи на владејачката Демократска партија на социјалистите на кои е зборувано за употреба на државни ресурси во партиски цели, односно за вработување по партиска припадност. Обвинителството на Црна Гора побара претходно од министерот за правда и директорот на Заводот за вработување изјаснување и документација за сите кои непосредно пред парламентарните избори стапиле во работен однос.
XS
SM
MD
LG