Достапни линкови

Немирите во Истанбул продолжуваат


Турската полиција и денеска се судри со демонстрантите кои се обидуваат да стигнат до главниот плоштад Таксим во Истанбул на вториот ден од анти-владините протести во Турција. Полицијата употреби солзавец и водени топови да ги разбие демонстрантите. Дел од демонстрантите фрлале со камења кон полицијата. Немирите во Истанбул почнаа вчера кога полицијата употреби солзавец и вода за да ги растера илјадниците граѓани кои протестираа против плановите да се градат објекти на една од преостанатите тревни површини во градот. Беа повредени најмалку 12 граѓани. Поради тоа избија протести и во главниот град Анкара, како и во градот Измир, на кои демонстрантите протестираат против авторитарниот премиер Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот. Амнести интернејшнал соопшти дека се загрижени поради „употребата на прекумерна сила“ од страна на полицијата.
XS
SM
MD
LG