Достапни линкови

Шариф против американските напади со беспилотни летала


Новиот пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Новиот пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Новиот пакистанскиот премиер Наваз Шариф го осуди американскиот напад со беспилотно летало во кое беше убиен заменик командантот на пакистанските Талибанци, Вали-ур Реман. Во вчерашното соопштение од Шариф се наведува дека нападот од средата претставува нарушување на суверенитетот на Пакистан и прекршување на меѓународното право. Шариф, чија партија Пакистанска муслиманска лига-Н победи на парламентарните избори одржани овој месец, денеска треба да ја преземе премиерската функција.
XS
SM
MD
LG