Достапни линкови

logo-print

Нова кредитна транша од ММФ за Грција


Меѓународниот монетарен фонд одобри нова кредитна транша за Грција од 2,26 милијарди долари. Одлуката била донесена од Советот на директори на ММФ по третата анализа за исполнувањето на антикризната програма од страна на Грција, прифатена на 15 март минатата година. Сегашната одлука значи дека оттогаш до денес Атина добила околу 6,57 милијарди евра кредит од ММФ. Антикризната програма се исполнува заедно со државите од еврозоната. Во тие рамки, Грција очекува да добие околу 173 милијарди евра за четири години.
XS
SM
MD
LG