Достапни линкови

logo-print

Од денеска само дигитален ТВ сигнал


Македонските граѓани од денеска ќе следат телевизиска програма само преку дигитален сигнал, што треба да овозможи кристално чиста слика, беспрекорен звук и нови интерактивни услуги. Заради исклучувањето на аналогниот и вклучувањето на дигиталниот сигнал, граѓаните кои немаат кабелска телевизија, Макс или Бум ТВ, а имаат постар телевизор ќе треба да си купат дигитален приемник (сет топ бокс) за да може да следат телевизиска програма. Главната разлика во однос на досегашното аналогно емитување, што ќе замине во историјата по шестдецениско користење, е употребата на еден фреквентен канал за пренос на повеќе телевизиски програми во исто време.
XS
SM
MD
LG