Достапни линкови

Новиот предлог-закон ја усложнува процедурата за абортус


Бојан Јовановски, Извршен директор на ХЕРА.
Бојан Јовановски, Извршен директор на ХЕРА.

Кога станува збор за содржината на самиот закон во него се вклучени пред сè голем број на административни процедури и дискрециони права на Министерот. Иако ништо не е сменето во причините поради кои што може да се направи абортусот, овие административни процедури се главната пречка. Иако уште во вториот член се вели дека за абортусот одлучува жената самостојно, другите предвидени процедури укажуваат на тоа и дека не е баш така, пишува извршниот директор на невладината организација ХЕРА Бојан Јовановски во својата колумна за Радио Слободна Европа.

Дали новиот закон за абортус е само техничко прашање? Некако како да се навикнавме на тоа „брилијантни“ законски идеи да нè изненадуваат, да дознаеме во 5 за 12 за тоа што е доставено во Собрание за гласање. Токму тие закони кои што директно влијаат на нашите секојдневни работи и животи. Но, затоа што не можеме очигледно да ги смените таквите „навики“ на предлагачите, единствено ни останува да реагираме откако ќе дознаеме (ако дознаеме).
Кога станува збор за содржината на самиот закон во него се вклучени пред сè голем број на административни процедури и дискрециони права на Министерот. Иако ништо не е сменето во причините поради кои што може да се направи абортусот, овие административни процедури се главната пречка. Иако уште во вториот член се вели дека за абортусот одлучува жената самостојно, другите предвидени процедури укажуваат на тоа и дека не е баш така.

Новиот Предлог- закон за прекинување на бременоста беше поднесен до Собранието од страна на Министерството за здравство. Во целиот овој процес, граѓаните, стручната јавност (најголемиот дел од нејзе) и граѓанскиот сектор дознаа дури откако тој беше поднесен во Собрание. За неговата подготовка немаше широки консултации, ниту, пак, беше пратена каква било информација до јавноста. Заклучок: текстот на законот бил напишан во некој кабинет на 50-та дивизија број 14. Од кабинет законот е пратен право во Собрание.

Предлагачот исто така сметал дека ова не е некое важно прашање, па законот да се донесе во итна постапка. Односно како што стои во самиот поднесок до Собранието: „не се работи за сложен и обемен закон“. Тука е она што веќе подолго време во нашето општество се пропагира, правата на жените, кои било права, не се важни за широка дискусија. Министерот сметал дека нема потреба пред сè на жените во Македонија им објасни зашто се предлага овој закон, макар тој бил и истиот како и претходниот, иако тоа не е така. Министерот смета дека нема потреба да им објасни на жените за законот кој директно се однесува на нивните тела и на нивната интимност. Министерот сметал дека нема потреба да вклучат жени во поднесувањето на предлог законот, па така сите четири предлагачи, вклучувајќи се и себе си се мажи.

Се разбира, предлогот за донесување по итна постапка не е единственото нешто што директно влијае на правата и достоинството на жените. Самите одредби кои што се вклучени во него дополнително влијаат на тоа.

А кога станува збор за содржината на самиот закон во него се вклучени пред сè голем број на административни процедури и дискрециони права на Министерот. Иако ништо не е сменето во причините поради кои што може да се направи абортусот, овие административни процедури се главната пречка. Иако уште во вториот член се вели дека за абортусот одлучува жената самостојно, другите предвидени процедури укажуваат на тоа и дека не е баш така.
Жената откако ќе го поднесе барањето треба да помине низ процес на советување. Какво ќе биде советувањето што тоа ќе содржи ни повеќе ни помалку ќе го утврди Министерот за здравство. Во предлог-законот само е наведено дека жената ќе се советува и тоа најпрвин за придобивките на продолжувањето на бременоста. Небулоза. Ако жената отишла на абортус, значи дека е решена да направи. Ама не, сега системот ќе ја стави во својата машинерија и можеби ќе успее да ја „оттргне од патот“ на кој сама таа одлучила.

Она што најмногу го проблематизира самиот закон е административната процедура која пропишува кога една жена може да има абортус. Жената која сака да ја прекине бременоста до 10 недела најпрвин треба да поднесе барање кое е дополнето со низа на медицински документи. Министерот тврди дека всушност и ова не е спорно затоа што законот ги наведува новите технологии во оваа област. Се разбира, ова не е спорно, тоа се редовни медицински иследувања. Но дали некогаш за која било медицинска интервенција сте поднеле барање. На пример одите на стоматолог, седнуваат во чекална, докторот ви дава формулар вие си пишувате податоци, па си штиклирате на кој заб ви е потребна некоја интервенција... Или ова можеби не е баш така. Во стариот закон сето ова не беше потребно!

Жената откако ќе го поднесе барањето треба да помине низ процес на советување. Какво ќе биде советувањето што тоа ќе содржи ни повеќе ни помалку ќе го утврди Министерот за здравство. Во предлог-законот само е наведено дека жената ќе се советува и тоа најпрвин за придобивките на продолжувањето на бременоста. Небулоза. Ако жената отишла на абортус, значи дека е решена да направи. Ама не, сега системот ќе ја стави во својата машинерија и можеби ќе успее да ја „оттргне од патот“ на кој сама таа одлучила. А уште повеќе спорно е што текот на советувањето ќе го утврди Министерот со посебен акт. Можете само да замислите какво ќе биде тоа советување после сите кампањи за трето дете и семејни вредности. Тоа го оставаме на вашата имагинација. Секако од ова советување нема бегање, затоа што е задолжително.

Право на избор??? Не, не е потребно, државата најдобро знае што е најсоодветно за жената, советување мора да има. Дали жената може да одбие да биде советувана? Не, законот тоа не го дозволува. Во стариот закон сето ова не беше потребно!

Наспроти ова процедурите предвидени од страна на Светската здравствена организација во врска со негата пред постапката на извршување на абортус жената треба да биде советувана, но само за:

Што да очекува пред и по извршување на процедурата, односно како ќе тече постапката.
Информации во врска со контрацепција по извршувањето на абортусот, односно како да спречи идна непланирана бременост.
Откако ќе заврши советувањето, жената треба да каже дали останала на одлуката да направи абортус или пак не.

Повторно својата одлука мора да ја даде на писмено, односно да потпише изјава. Сепак и по потпишувањето на вториот документ не значи дека на жената ќе и биде извршен абортусот, туку треба да поминат три дена. Жената си оди дома или таму каде што престојува. И најверојатно државата предвидела дека во овие три дена жената во длабока контемплација ќе ја реобмислува својата одлука. Во стариот закон сето ова не беше потребно!

Во меѓувреме, доколку жената е во брак, тогаш лекарот мора да го соопшти тоа на брачниот другар. Иако во делот на предлог- законот тоа не е најјасно регулирано дали е задолжително или не, во казнените одредби многу јасно стои дека лекарот кој не ја известил жената или брачниот другар за постапката ќе биде казнет со глоба од 2.000 до 3.500 евра. Во стариот закон сето ова не беше потребно!

А што ако жената има сопруг, но не сака да го соопшти тоа на сопругот? Прашањето е дали ќе отиде во здравствената институција каде лекарот е обврзан тоа да го каже на сопругот или ќе направи нешто друго?

После три дена и известување на брачниот другар жената се враќа во установата и абортусот конечно ќе и биде извршен.

Дали после сите набројани процедури, сè уште ви се чини дека абортусот е целосно слободен и жената ќе има непречен пристап до него? Или дека ќе треба малку повеќе да се „испоти“ жената додека го оствари своето слободно право на избор, кое ова министерство толку многу го уважува.

Да не заборавиме дека одлуката да се направи абортус не е нималку едноставна за жената, таа е интимна и приватна одлука. Жената во еден таков специфичен период од својот живот треба да ги помине сите процедури, да пополнува документи, да оди од шалтер на шалтер и на повеќе медицински лица да соопштува нејзината одлука. Дали ова ви се чини како потчинување на жената, нејзина деградација?

Сето ова е за постапка до десеттата недела. Онаа по десетта недела, заради посериозноста на процедурите, потребно е формирање на комисија, која ќе одлучи дали процедурата може да се изврши без поголеми ризици врз нејзиното здравје. Ова се разбира не е спорно, сè додека не стигнете до делот кој кажува дека оваа комисија е формирана од страна на Министерот за здравство. И повторно се прашувате зашто концентрација на толку моќ, макар таа била и само административна кај Министерот.

Повторно ќе се навратиме на овонеделните изјави на Министерот, кој што вели дека овој закон всушност бил за унапредување на правата на жените. Ако министерот има искрени намери да ја подобри состојбата на жените тогаш нека го повлече овој закон и нека отвори широка и јавна дебата со стручната јавност и сите засегнати страни за современ закон, нека воведе модерна контрацепција на товар на фондот, постапката за абортус исто така нека биде на товар на фондот. Тогаш ќе бидеме убедени во добрата волја на Министерот за подобрување на добросостојбата на жените и дека се грижи за нивното здравје. Носење на еден ваков закон, во целосно нетранспарентна постапка, со мали „корекции“ кои значат сериозни ограничувања, не нè убедува во тоа.
XS
SM
MD
LG