Достапни линкови

Пакистан - воена операција во племенските области


Пакистанската армија соопшти дека најмалку 19 милитанти и тројца војници се убиени во престрелките во северозападните племенските области.
Владините сили денеска воспоставиле контрола врз стратегиските места по судирите со талибанските борци во близина на региони Чанка и Маидан.
Бројот на жртвите не може да биде независно потврден.
Пакистанската армија лансираше воена операција во овие области против талибанците од Техреек и Лашкар-е-Ислам чии борци зе закана за безбедноста за Пешавар, главниот град на Кибер Паштунква.
XS
SM
MD
LG