Достапни линкови

logo-print

Лавров: Високиот претставник во БиХ има „диктаторски“ надлежности


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија изјави дека е крајно време БиХ „да се ослободи од наметнатото туторство“ на Канцеларијатра на високиот претставник на меѓународната заедница и да ја преземе судбината во свои раце.
Лавров посочи дека Високиот претставник има „диктаторски“ надлежности, кои понекогаш се злоупотребуваат. Русија и БиХ потпишаа договор за олеснување на визниот режим, кој предвидува безвизен режим за граѓаните од двете земји во траење од 30 денови. Лагумџија истакна дека БиХ сака воспоставување на директна воздушна линија Москва-Сараево. Тој наведе дека БиХ е заинтересирана и за проширување на соработката со Русија во областа на економијата, трговијата, културата, образованието и туризмот.
XS
SM
MD
LG