Достапни линкови

Основен Суд Скопје 1 има разбирање за протестот на новинарите


Новинарите на протест пред судот во Скопје

Новинарите на протест пред судот во Скопје

По повод денешниот простест на новинарите пред Основниот суд Скопје Скопје и доставената петиција за новинарот Томислав Кежаровски, Основниот суд Скопје I Скопје ја информира јавноста дека судот има целосно разбирање за денешниот простест особено поради фактот што еден од обвинетите во кривичната постапка која се води пред овој суд е новинар.
Со оглед дека до судот е доставена петиција за новинарот Томислав Кежаровски, потпишана од голем број на новинари, имајќи целосен респект и разбирање ја информираме јавноста дека судот ќе продолжи да постапува во оваа судска постапка согласно Законот како и во сите досегашни постапки.
За текот на оваа кривична постапка јавноста ќе биде благовремено информирана со соопштение од Канцеларијата за односи со јавност во мерка во која нема да се нанесе штета на текот на постапкат, се вели во денешното соопштение на Основен Суд Скопје 1.
XS
SM
MD
LG