Достапни линкови

Со солзавец и водени топови против демонстрантите на Таксим


Турската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за растерување на неколку стотици демонстранти со цел да ги прекине четиридневните протести против големиот градежен проект на главниот плоштад Таксим во Истанбул и сечењето на дрвата во паркот Гези. При тоа над 20 лица биле повредени.
Таксим е традиционално место на одржување собири и протести, како и популарна туристичка дестинација.
Протестите почнаа мирно во понеделникот и прераснаа во масовни демонстрации против владејачката исламистичка Партија на правдата и развојот на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.
XS
SM
MD
LG