Достапни линкови

Новинарот Кежаровски во притвор, колегите на протест


Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија. Тврдат дека Кежаровски е невин и бараат да му се дозволи да се брани од слобода.

Со свирчиња, транспаренти и извици „Слобода за Кежо“ стотина новинари денеска излегоа на протест пред Основниот суд Скопје 1, барајќи ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од весникот Нова Македонија. Истражниот судија завчера му одреди 30-дневен притвор, исто како и на останатите седуммина уапсени во полициската акција „Ликвидација“, во врска со убиството на Лазар Милошевски во велешкото село Ореше во 2005 година.
Замислете Судот, односно Обвинителството предложило, а истражната судијка прифатила, дека Кежаровски може со своите текстови како новинар да влијае на јавноста за делото за кое е обвинет, па тоа е скандал, затоа што пред сè тој е новинар и тој го истражува овој случај од самиот почеток, од 2005 година. Со други зборови, Судот како да признава дека доколку Кежаровски истражува и понатаму и копа по случајот Ореше тоа може сериозно да влијае врз истрагата во врска со целата оваа група уапсена за организиран криминал. А што друго сакаме, ако не вистината?

Новинарот Кежаровски, кој беше приведен во акцијата, според информацијата од судот, заедно со истражниот судија во тој случај, е осомничен за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите што се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица. Според МВР, според доказите што ги обезбедиле, Кежаровски е осомничен дека во два последователни броја на двонеделникот „Репортер 92“ во 2008 година го објавил идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“.

За убиството беа обвинети браќата Љупчо и Орде Ѓоргиевски. Заштитениот сведок во случајот, Златко Арсовски, чиј идентитет наводно го открил Кежаровски, пак, на почетокот во февруари годинава побара да му биде симната заштитата и рече дека од луѓе од полицијата бил присилен да ги обвини браќата Ѓоргиевски за убиството. Судот по ова донесе ослободителна пресуда за обвинетите во случајот.
Дојдовме тука да протестираме поради бруталноста и силата која постојано се демонстрира врз припадниците на медиумите, дојдовме тука да кажеме не и доста е за силата и за непочитувањето на нашата работа.

Адвокатот на браќата Ѓоргиевски, Ѕвонко Давидовиќ вчера рече дека Златко Арсовски бил заштитен сведок од 2010 година, но не и во 2008, кога Кежаровски го напишал текстот.

Главниот и одговорен уредник на Нова Македонија Зоран Димитровски тврди дека апсењето на Кежаровски е демонстрација на сила. Според него, од страна на новинарот воопшто нема извршено дело, затоа што тој не го открил идентитетот на заштитен сведок, туку открил дека полицијата „мести“ лажен сведок.

„Кој не само што призна дека е лажен сведок, туку ја разоткри и целата мафијашка структура и од ДБК и од Министерство за внатрешни работи и од селото Ореше што сакале со сила да го натераат да го направи тоа.“

Тој вели дека, без да се прејудицира вината, бара судот да му дозволи на Кежаровски да се брани од слобода. Како образложение на притворот, истражната судијка навела дека може да бега од правдата, затоа што имал 3-4 мобилни телефони и тешко било да се лоцира каде се наоѓа, а и на некои свои пријатели знаел да не им се јавува, што е смешно образложение, вели Димитровски и додава дека како основ на притворот е наведено и дека други може да влијаат врз него, а и дека тој може да влијае на јавноста.
Кога медиумите откриваат некоја злоупотреба, не може приоритетно да биде ограничувањето, отколку слободата на изразувањето, зашто ако е така, тогаш ние како новинари нема да може да откриеме ниедна злоупотреба.

„Замислете Судот, односно Обвинителството предложило, а истражната судијка прифатила, дека Кежаровски може со своите текстови како новинар да влијае на јавноста за делото за кое е обвинет, па тоа е скандал, затоа што пред сè тој е новинар и тој го истражува овој случај од самиот почеток, од 2005 година. Со други зборови, Судот како да признава дека доколку Кежаровски истражува и понатаму и копа по случајот Ореше тоа може сериозно да влијае врз истрагата во врска со целата оваа група уапсена за организиран криминал. А што друго сакаме, ако не вистината?“, прашува Димитровски.

Тој вели дека пред 15 дена од обвинителството му се заканиле на Кежаровски дека ако не открие кој му го кажал идентитетот на заштитениот сведок „ќе скапе во затвор“.

Претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис вели дека новинарите протестираат поради апсење на колега со специјалци пред семејството. Тој е во притвор, затоа што одбил да го каже неговиот извор на информации, што е негово уставно право, рече таа.

„Дојдовме тука да протестираме поради бруталноста и силата која постојано се демонстрира врз припадниците на медиумите, дојдовме тука да кажеме не и доста е за силата и за непочитувањето на нашата работа.“

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека судот треба да сфати дека за новинарската работа е најважно откривањето на злоупотребите.

„Кога медиумите откриваат некоја злоупотреба, не може приоритетно да биде ограничувањето, отколку слободата на изразувањето, зашто ако е така, тогаш ние како новинари нема да може да откриеме ниедна злоупотреба“, вели Селмани.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG