Достапни линкови

Во април рекордна невработеност во еврозоната


Бројот на невработените во еврозоната во април годинава достигна нов рекорд од 19 милиони и 370 милиони луѓе, или 12,2 насто од активното население, соопшти денеска Европската агенција за статистика Еуростат. Само во април во 17 држави на еврозоната без работа останале уште 95 илјади луѓе. Ситуацијата било особено тешка во Грција и Шпанија, каде што без работа по околу 27 проценти од населението. Најниска стапка на невработенсот во април е забележана во Австрија, Германија и Луксембург со околу 5 проценти.
XS
SM
MD
LG