Достапни линкови

Грузискиот претседател Саакашвили пред суд?


Михаел Саакашвили

Михаел Саакашвили

Грузиското јавно обвинителство соопшти дека претседателот Михаел Саакашвили би можело да се најде пред суд поради злоупотреба на државни пари. Обвинителството прецизира дека била покрената истрага по наводите дека Саакашвили потрошил 11 илјади долари буџетски пари за пластични операции со ботокс во 2009 и во 2011 година во Њујорк. Претседателот исто така е под сомневање дека платил околу 9 илјади долари од државна сметка за портрет на неименувана американска актерка. Грузискиот закон дозволува да биде покрената истрага против шефот на државата. Неколкумина блиски соработници на Саакашвили се приведени под разни обвинувања, откако премиер стана Бидѕина Иваншвили во октомври лани.
XS
SM
MD
LG