Достапни линкови

logo-print

Филе е за инклузивност на регионалните собири


еврокомесарот за проширување Штефан Филе и македонскиот премиер Никола Груевски

еврокомесарот за проширување Штефан Филе и македонскиот премиер Никола Груевски

„Не би сакал да коментирам дали идејата е добра или лоша. Со оглед на информациите кои земји беа подготвени да дојдат и немаше многу опции. За мене беше важно да се обезбеди министерскиот состанок да биде инклузивен, а организаторите успеаја во тоа“, изјави денеска по обраќањето на министерскиот состанок во Охрид еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а во врска со откажувањето на самитот на Југоисточна Европа што требаше да се одржи во Охрид. „Најважно за мене е инклузивноста на состанокот. Тоа што сите седиме на иста маса, вклучувајќи го и Косово како специјален гостин“, додаде Филе. Запрашан за предлогот утре во Романија да се одржи самит, Филе одговори: „Ако се одржува каков и да е вид на самит кој е инклузивен, на кој ги има сите претставници од регионот, ние ќе го поддржиме.“
XS
SM
MD
LG