Достапни линкови

Иранските кандидати за претседател на ТВ дебата


Осуммина кандидати за престојните претседателски избори во Иран денеска одржаа телевизиска дебата. Според иранските медиуми, дебатата била фокусирана врз економијата, надворешната политика и разговорите со светските сили за нуклеарната програма. Пред десетина дена Советот на старешини кој го надгледува изборниот процес, дозволи само осум кандидати од скоро 700 пријавени, да учествуваат на изборите на 14 јуни. Меѓу кандидатите се поранешниот претседател на парламентот Голам Али Хадад Адел и главниот ирански преговорач за нуклеарната програма Саид Џалили.
XS
SM
MD
LG