Достапни линкови

Клевета и навреда - искуства од Европскиот суд за човекови права


Академијата за судии и јавни обвинители организираше конференција посветена на слободата на изразување. Стручната јавност смета дека едукацијата и примената на европската пракса поврзана со декриминализација на клеветата и навредата, ќе им помогне на македонските судии во донесувањето одлуки. Судиите мора да ги познаваат стандардите и принципите на слободата на изразување, порача Мирјана Лазарова-Трајковска, судија во Европскиот суд за човекови права. Од Основниот суд 2 информираат дека работат на околу 180 предмети поврзани со клевета и навреда, од кои само три се однесуваат на новинари. Ниту еден од случаите нема судска пресуда.

XS
SM
MD
LG