Достапни линкови

Министерски состанок на ПСЈИЕ во Охрид


„Нашата визија за иднината ќе се оствари, ако заеднички соработуваме и бидеме добри соседи“, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешното отворање на формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Охрид. Тој додаде дека земјите од регионот ќе останат упорни за остварување на евроатланската цел. На состанокот зборуваше и еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој рече дека соработката во регионот мора да биде инклузивна и да се постигне консензус за прием на Косово, што би било поздравено од Европската унија. Според него нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е долг процес, а инклузивноста на државите ќе придонесе во неговото решавање. Во однос на Македонија, Филе со став дека земјата оди напред во реформите, но важна е реализацијата на мартовскиот договор со сите негови точки.
XS
SM
MD
LG