Достапни линкови

Политиката ја кочи соработката меѓу МПЦ и ИВЗ


Архивска фотографија: Реис ул Улема на Исламската верска заедница, Сулејман еф. Реџепи.

Архивска фотографија: Реис ул Улема на Исламската верска заедница, Сулејман еф. Реџепи.

ИВЗ смета дека политичкото влијание врз МПЦ е виновно за растурањето на меѓурелигискиот совет. МПЦ ги отфрла таквите обвинувања.

Исламската верска заедница смета дека политиката и нејзиното влијание врз Македонската православна црква се виновни за растурањето на меѓурелигискиот совет, односно дека повлекувањето на МПЦ во последен момент придонесува за неговото нефункционирање. МПЦ ги отфрла таквите обвинувања и вели дека вината не ја наоѓаат во никого, а секако не во нивните структури.
Единствена точка која што ни ги замаглува можеби односите со МПЦ, во прашање е политика, затоа што има политички диктат во МПЦ со оглед на тоа што е фаворизирана верска заедница во државата, и тоа фаворизирана по сите нишани.

Станува збор за формирање на едно тело преку кое петте верски заедници кои се заведени во Уставот заеднички ќе настапуваат пред институциите. Поглаварот на ИВЗ Реис ул улема Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи во интервју за Радио Слободна Европа, кое ќе биде објавено во целост в недела, вели дека политиката го растури советот, но не спомна конкретно кои политичари влијаеле врз таквата ситуација.
Архиепископот на МПЦ гг. Стефан.

Архиепископот на МПЦ гг. Стефан.


„Па не знам конкретно, што мислите кој води политика во државата? Не функционира советот, тоа за мене значи дека е растурен. Дури требаше да имаме статут, го зготвивме статутот, без никаков притисок, го потпишавме текстот и кога требаше финалниот текст да се потпише и да стапи во сила, МПЦ се повлече.“
Пред некое време ние, под претседателство на Архиепископот во меѓурелигискиот совет баравме состанок со сите верски лидери што членуваа таму, а пред оние немири што беа меѓу младите во Македонија, во Скопје поточно, и тогаш токму ИВЗ го откажаа учеството во советот со изговор дека имаат други обврски во тој период. Иако беше важно да се состане советот за да излезе со апел, тие ја одбегнаа на некој начин својата одговорност и своето учество во советот.

Шефот на кабинетот на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, Бобан Митевски, ги отфрла таквите тврдења и посочува дека тоа е несериозна изјава затоа што на некој начин со неа се прикрива одговорноста од другата страна.

„Пред некое време ние, под претседателство на Архиепископот во меѓурелигискиот совет баравме состанок со сите верски лидери што членуваа таму, а пред оние немири што беа меѓу младите во Македонија, во Скопје поточно, и тогаш токму ИВЗ го откажаа учеството во советот со изговор дека имаат други обврски во тој период. Иако беше важно да се состане советот за да излезе со апел, тие ја одбегнаа на некој начин својата одговорност и своето учество во советот.“
Трета светска конференција за меѓурелигиски дијалог.

Трета светска конференција за меѓурелигиски дијалог.


Поглаварот на ИВЗ обвинува дека МПЦ е под диктат на власта.

„Единствена точка која што ни ги замаглува можеби односите со МПЦ, во прашање е политика, затоа што има политички диктат во МПЦ со оглед на тоа што е фаворизирана верска заедница во државата, и тоа фаворизирана по сите нишани.“
Јас не велам дека не е потребно да се среќаваат поглаварите, но нашето мислење беше дека членството во советот треба да биде на друго ниво, односно од луѓе кои имаат повеќе време да се ангажираат оперативно во спроведување на активности во тој совет.

Митевски вели дека Исламската верска заедница погрешно ги толкува работите.

„Погрешно ги толкуваат работите. Ако некој заедно работи за општото добро на државата, тогаш дали може тоа да биде диктат или тоа е една синергија која што придонесува за општото добро. Оној којшто не сака да учествува и да придонесе во општото добро, тогаш можеби тој не се наоѓа во тоа друштво.“

Обидите за формирање на меѓурелигиски совет датираат од 2001-та година, со поддршка на Македонски центар за меѓународна соработка. Основната идеја за негово формирање била да се потикне соработка меѓу теолошките факултети, односно идните попови и оџи да се запознаат подобро и да работат заедно за подобрување на меѓуверскиот соживот, затоа што во тој период отсуствувала меѓучовечка комуникација на сите нивоа.

Поранешниот директор на МЦМС Сашо Клековски вели дека по 2009-тата година кога во ова тело се вмешале поглаварите, Фондацијата „Конрад Аденауер“ со поинаков концепт од претходниот, како и прекинувањето на финансиската поддршка, работите почнале да се кочат.

„Да не бидам сфатен погрешно, добро е поглаварите да се среќаваат еднаш или двапати годишно, меѓутоа суштината на соработката е на други нивоа и мислам дека со измената на концептот тоа не се разбра до крај. Јас не велам дека не е потребно да се среќаваат поглаварите, но нашето мислење беше дека членството во советот треба да биде на друго ниво, односно од луѓе кои имаат повеќе време да се ангажираат оперативно во спроведување на активности во тој совет.“

Клековски вели дека дополнително прекина организациската и финансиската поддршка од организациите, од страна прво од МЦМС кои сметале дека во таа фаза е потребно да продолжат сами со работа а подоцна и од Фондацијата „Конрад Аденауер“.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG