Достапни линкови

logo-print

Руски МиГ ќе и испорача авиони на Сирија


МиГ 29

МиГ 29

Рускиот произведувач на воени авиони МиГ соопшти дека ќе го исполни договорот за испорака на авиони ловци за режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад. На денешната прес конференција во Москва директорот на МиГ Сергеј Коротков соопшти дека била во тек испораката на најмалку десет авиони од типот МиГ 29. Претходно руските медиуми јавија дека Москва можеби годинава нема да и ги испорача на Сирија проектилите за противвоздушна одбрана С 300, со што практично се демантира информацијата дека дел од оружјето веќе пристигнало во Сирија. Претседателот на Сирија Башар Ал Аасад, во интервју за една либанска телевизија изјави дека дел од против-воздушниот одбранбен систем, веќе пристигнал од Русија.
XS
SM
MD
LG