Достапни линкови

Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од ПСЈИЕ во Охрид


Во Охрид денеска ќе се одржи формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа во рамките на македонското претседавање со Процесот. Во функција на претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ, состанокот ќе го води министерот за надворешни работи Никола Попоски. Министерот Попоски ќе ги информира присутните за реализираните приоритети за време на македонското претседавање со Процесот, ќе бидат разменети мислења за актуелните состојби во Регионот на ЈИЕ и перспективите за Европската интеграција на земјите од регионот.
XS
SM
MD
LG