Достапни линкови

Руските научници пронајдоа совршено сочуван труп од мамут


Руските научници рекоа дека пронашле совршено сочуван труп од мамут со течна крв, на оддалечен арктички остров. Семион Григориев рече дека трупот бил во толку добра форма, затоа што долниот дел од него бил целосно во мраз. Мускулното ткиво на трупот исто така било во совршена состојба. Научниците имаат дешифрирано голем дел од генетскиот код преку влакната и некои од нив веруваат дека тој би можел да биде клониран ако се најдат живи клетки. Примероци од крвта се испратени на Северо –Источниот Федерален Универзитет во Јакутск.
XS
SM
MD
LG