Достапни линкови

Молдавија го изгласа новиот премиер


Молдавскиот парламент го изгласа новиот премиер Јури Леанка со цел да ја прекине политичката криза во земјата. Леанка доаѓа на местото на Влад Филат кој си даде оставка во март откако изгуби доверба во услови на несогласувања меѓу коалиционите партнери. Според првичните најави, Леанка има за цел да се бори против корупцијата и да ја приближи земјата до Европа. 49-годишниот Леанка беше министер за надворешни работи од 2009 година до март годинава.
XS
SM
MD
LG