Достапни линкови

Хејг:Одлуката на ЕС ќе зависи од индивидуалниот напредок


Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг синоќа, при посетата на Загреб изјави дека се надева оти Европскиот совет во јуни ќе биде наклонет на проширувањето, но дека одлуката за тоа мора да биде донесена едногласно. На прашање на новинарите дали Србија и Македонија ќе добијат датум за почеток на преговори со ЕУ, Хејг рекол дека тоа зависи од нивниот индивидуален напредок. За тоа, како што додал, разговарал претходно во Белград кој како што рекол постигна голем напредок.
XS
SM
MD
LG