Достапни линкови

Немцов: Проневерени милијарди долари за Олимпијадата во Сочи


Рускиот опозиционер и поранешен заменик премир, Борис Немцов, денеска изјави дека биле проневерени околу 30 милијарди долари од фондовите за подготовка на Зимските Олимписки игри во Сочи, кои ќе се одржат во наредната година. Немцов побарал од истражните органи да превземат мерки против руски официјални претставници и бизнисмени, за кои тврди дека се вмешани во финансиските малврезации со овие фондови. По прес конференцијата во Москва, Немцов за Радио Слободна Европа изјави дека во проневерата на парите се вклучени луѓе блиски до претседателот Владимир Путин. Немцов бара и независна истрага за овие негови тврдења. Се проценува дека за Олимписките игри во Сочи ќе бидат потрошени 51 милијарда долари, со што ова ќе бидат најскапите игри во историјата.
XS
SM
MD
LG