Достапни линкови

logo-print

Груевски: Македонската економија закрепнува


Илустрација

Илустрација

Растот на индустриското производство три месеци по ред укажува дека македонската економија закрепнува, оти работите тргнуваат во добра насока и е показател дека може да се остварат проекциите на Владата.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски одговoрајќи на новинарски прашања по присуството на промоција на дела од проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.
- Може да се каже дека тоа е еден позитивен тренд, кој што укажува на закрепнување на македонската економија, што се надевам дека ќе продолжи, иако тоа е во голема зависност од случувањата во ЕУ и во еврозоната.
Тој додаде дека засега буџетот добро се остварува. - Значи, приходите во буџетот се согласно планираните и тоа е уште еден показател дека работите оваа година почнуваат да се стабилизираат од ударот, од последиците на европската должничка криза, рече Груевски.
XS
SM
MD
LG